Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Постинг
06.12.2007 13:33 - Бугарија е ослободител на Македонија во која нема Македонци.
Автор: freemacedonia Категория: Новини   
Прочетен: 1221 Коментари: 0 Гласове:
0



Не може во историските книги да се пишува дека Бугарија само во 20 век два пати ја окупирала Македонија. Вистината е дека Македонија два пати е ослободена од српска робија и, за жал, велам дека Србите и понатаму во Македонија имаат силни позиции, изјавил бугарскиот пратеник Красимир Каракачанов


Красимир Каракачанов, претседателот на ВМРО во интервју за новинската агенција ИНА зборува за моменталната политичка ситуација во Македонија, бугарските интереси во регионот, и говори за неговите пријателските односи со албанските политичари во Македонија и независноста на Косово.

Како ја оценувате политичката ситуација во Македонија? Како го гледате евроинтеграцискиот процес на оваа земја?

- Евроинтеграциските процеси во Македонија ќе почнат кога државата ќе го смени пристапот и односите кон соседите, пред се кон Бугарија. Македонија треба да ја смени практиката на финансирање на сепаратистичките организации и да престане да шири непријателска пропаганда. Исто така, треба да се реформира државниот став во врска со балканската историја до 1944 година. Друго прашање е почитувањето на човековите права и правата за самопрогласување, да ги смени фактите кои денеска фигурираат во историските книги на Македонија.
Не може да се бара поддршка од Бугарија за во ЕУ и НАТО, а истовремено да се одвива отворена противбугарска кампања. Не може во историските книги да се пишува дека Бугарија само во 20 век два пати ја окупирала Македонија. Вистината е дека Македонија два пати е ослободена од српска робија и, за жал, велам дека Србите и понатаму во Македонија имаат силни позиции.

Долг период се гледате како сомнително лице од разни политички кругови во Македонија. Кои се причините?

- Не, јас не мислам така. Често патувам во Македонија, се сретнувам со разни политичари, пријатели на Бугарија и на бугарската кауза. Непожелни лица треба да бидат оние кои работат против интересите на граѓаните на Македонија, како на пример оние кои сакаат да ја промовираат парамилитарната српска војска на цар Лазар и да работат за интересите на српските шовинисти. Моите активности не им се допаѓаат, посебно на оние кои мислат за времето на Тито, додека Слободан Милошевиќ го имаат за омилен јунак. Овие кругови на луѓе имаат менталитет од минатото и тешко им е да разберат дека живееме во 21 век, но едно нешто е сосема јасно, тие ниту ме плашат, ниту ме интересираат.

Со кои аргументи го негирате постоењето на македонскиот народ и оценувате дека тој е дел од бугарскиот народ?

- Како историчар потврдувам дека голем дел од населението во Македонија е со бугарско потекло. Историјата работи со пишани документи, додека ниту еден доказ или документ не го потврдува спротивното. Пред повеќе од 1000 години целата Европа, цар Лазар го именува како бугарски цар. Исто така, Даме Груев, Гоце Делчев, Јане Сандански и Никола Карев самите потврдиле дека се Бугари. Истото го потврди и Крсте Мисирков. На кого сега да му веруваме, на мајсторијата и документите или на српските слуги Блаже Конески, Блаже Ристески, Катарџиев и Латас. Македонскиот народ роденденот на државата го има на 2.8.1944, додека основачи се убијците на Тито - Апостолски, Лазар Колишевски и Ранковиќ.

Кое е вашето мислење за иднината на Македонија, како ја оценувате?

- Република Македонија има важна задача да гарантира европски права и нивно почитување за сите граѓани, без разлика на етничката припадност. Овие се важни услови и неопходни за целосна интеграција во ЕУ. Додека македонските водачи продолжуваат да сонуваат за Тито, тогаш Македонија ќе биде последната земја на Балканот и не може да опстои како држава. Ова ќе биде реалност која брзо ќе ја видиме.

Колку Македонци официјално поседуваат бугарско државјанство?

- Досега со бугарско државјанство се стекнале 30 до 35 илјади, додека во процедура за добивање се околу 60.000 лица од Македонија.

Статусот на Косово е едно важно прашање во регионот. Кој е ставот на Бугарската влада? Како ги оценувате случувањата во Косово?

- Бугарската влада е за мирно решавање на статусот на Косово. Ние оценуваме, посебно нашата партија дека на Косово што побрзо треба да се признае независност и да се изгради модерна и независна држава. Потоа ќе следи еден период за Албанците на Косово да се одлучат дали сакаат да се спојат со Албанија. Една нација има право на национална држава. Колку побрзо Косово ќе добие независност, толку подобро ќе биде за стабилноста на Балканот. Независноста на Косово ќе го закопа српскиот шовинизам и неговите хегемонистички тенденции на Балканот.



Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: freemacedonia
Категория: Новини
Прочетен: 1946014
Постинги: 123
Коментари: 569
Гласове: 455
Архив